Демири за „Фокус“: Осум месеци се влечеме по суд, небаре во Нов Зеланд ги бараат оргиналните документи

by Fokus

По третпат денеска беше одложено судењето на Мариглен Демири од Левица, за ланските протести во кои беше демолирана народната канцеларија на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, откако тој аболицираше 54 лица.

Демири во изјава за „Фокус“ тврди дека судењето се одлага по трет пат во низа и како што нагласува, очекува ослободителна пресуда.

–  Обвинителството има проблем да ги добие оригиналните документи за доказниот материјал. Осум месеци се влечеме, небаре во Нов Зеланд да ги бараат оригиналните документи. Очекувам ослободителна во секој случај – истакна Демири. 

Поврзани новости