Демант од Државната комисија за спречување корупција

by Fokus 20:34
20:34

ДКСК реагира и испрати демант на соопштението на невладините организации, кој го објавуваме во целост.

„Државната комисија за спречување на корупцијата реагира и ги осудува наводите содржани во текстот кои се насочени кон ширење на невистини и дискредитација на Државната комисија за спречување на корупцијата како и на Претседателот на ДКСК д-р Игор Тантуровски.

- Advertisements -

Државната комисија за спречување на корупцијата смета дека со ваквото тенденциозно информирање од страна на Плусинфо се прекршени принципите на професионалното и етичкото информирање и е создадена погрешна перцепција во јавноста.

Во врска со реакцијата на неколку невладини организации дека ДКСК отворила предмет и побарала постапување од надлежните институции очигледно дека сме погодиле во целта штом нивните реакции и напади врз ДКСК не стивнуваат.
Претходно, беше побарано надлежните институции да го завршат својот дел од работата бидејќи некои од нив воопшто не биле контролирани по ниеден основ во последните 20 години.

Доколку ГО немале што да кријат, ќе ја поздравеа постапката поведена од страна на државен орган и ќе излезеа уште помотивирани да работат понатаму.

Во кој дел овие ГО препознаа постапување за партиски цели? Контрола на работењето на ГО мора да има не само од донаторите туку и од надлежните органи согласно позитивните законски прописи во Република Македонија, исто како што се вршат контроли врз сите државни институции и приватни фирми.

Во однос на вашите наводи дека Антикорупциската комисија не треба да се занимава со работат на ГО, Ве информираме дека станува збор за елементарно непознавање на надлежностите, работата и постапувањето на Државната комисија за спречување на корупцијата.

ДКСК во овој случај постапува согласно своите надлежности во чл.49 ст.1 алинеа 4 и чл.55 ст.3 од Законот за спречување на корупцијата, чл.8 и чл.13 од истиот закон.

Од наводите, се оформени предмети иницирани врз основа на објавени информации и фотографии на интернет порталите во Република Македонија, кои укажуваат на сомневања за сторени незаконити дејствија на поединци, здруженија на граѓани и една политичка партија во периодот од денот на донесување Одлука за распишување на избори до завршување на изборот за пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија.
Наводите изнесени на интернет порталите и телевизиите се однесуваат на сомневања за :

Финансирање на здруженија на граѓани, за тоа дека граѓански активисти од повеќе здруженија на граѓани се претставуваат како „независни граѓани“ и одработуваат и ги застапуваат ставовите на една политичка партија пред почетокот на изборната кампања, за што примаат надоместок во пари, а што се потврдува со одредени фотографии и други определени докази.

По однос на второнаведеното како сторители на незаконското постапување се посочени членовите, а ставовите што ги презентираат се совпаѓаат со оние на само една политичката партија, така што всушност ја водат и ја презентираат кампањата на една политичка партија.

Со камион со ознаки на Граѓанска акција кој се движел низ улиците во Охрид, на еден ден пред почетокот на изборната кампања преку разглас се споделувале пароли против друга политичка партија, а биле фрлани и димни бомби.

По завршување на ваквите активности граѓанските активисти кои го возеле овој камион биле парично наградени, за што според еден од порталите сведочи и видео снимка на која се гледа како член на акцијата, на бензинска пумпа, излегува од комбе и се сретнува со лице кое му дава пари за сработеното. Според информациите исплатувачот на паричната награда, користи/излегува од возило кое е сопственост на една Фондацијата, додека пак камионот кој го користи Граѓанска акција е регистриран на правно лице со седиште во Петровец.

Во потврда на објавените инфрормации и сомневања интернет порталите посочуваат и на реакцијата и предупредувањето дадено од страна на Привремената комисија за следење на медиумското претставување поврзано со спотови емитувани на телевизиите Телма и Тв 24 – имено дека спотот изработен за потребите на кампањата „Ние одлучуваме“, е идентичен со спотовите и говорите на таа политичката партија, па оттаму Привремената комисија ги повикала здруженијата на граѓани и радиодифузерите да го почитуваат Изборниот законик како и да обрнат внимание нивните пораки да не бидат идентификувани со пораките на учесниците во изборниот процес.

Државната комисија за спречување на корупцијата постапувала и постапува во сите случаи каде што има индиции за несовесно работење и злоупотреба на службената позиција и овластувањата.

Со цел објективно и вистинито информирање на јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата бара од Вас да го објавите овој демант и упатуваме апел за проверка на релевантноста и точноста на информациите пред нивно објавување и консултација со институцијата чие име се користи“ се вели во демантот.

Поврзани новости