Демант од Александар Ивановски: Не сум фалсификувал никаков документ

by Фокус

Во врска со објавениот напис од 24.04. 2015 за ексклузивни аудио материјали, заедно со транскрипти со наслов: „Јанакиески уценувал, Алек Теранова фалсификувал за хотел на плоштад“, јас Александар Ивановски барам да се извините за изнесените клевети и невистини за наводни незаконски дејствија (фалсификување на документ за тендерска документација) и за пренесување на нелегално снимени приватни разговори кои целосно се извадени од контекст и свесно конструирани, а со кои сериозно го нарушивте мојот приватен и деловен углед.

Извинувањето го барам од причина што јас и мојата компанија „Дивелоп груп“-Скопје никогаш немаме поднесено тендерска документација ниту имаме учествувано на јавна лицитација за наведената градежна парцела на плоштад, ниту градиме, ниту сме сопственици.

Исто така бараме горенаведениот напис да биде отстранет од порталот и во иднина да не биде објавуван.

Бараме извинувањето да биде објавено во целост на вашиот портал во наредните 24 часа, во спротивно ќе бидеме приморани да преземеме правни дејствија.

Извинување од Фокус

Почитувајќи ги принципите на професионализмот и коректната соработка, редакцијата на „Фокус“, се извинува на сопственикот на „Дивелоп Груп“ Александар Ивановски.

Поради настанатото недоразбирање, се извинуваме и на останатите засегнати чии гласови се слушаат на аудио снимките, постирани на Јутјуб, а преземени од нашиот портал.

Со почит,

редакција „Фокус“

Поврзани новости