Демант на Агенцијата за администрација: Не се објавени стотици огласи за вработување

by fokus 12:44
12:44

 

Од Агенцијата за администрација го демантираат написот „Во предизборието фрчат огласи за вработување во јавниот сектор“, објавен на порталот „Фокус“.

„Во вашиот напис наведувате дека Агенцијата за администрација објавила стотици огласи за вработување во јавниот сектор, што не е вистина. Во 2016 година Агенцијата за администрација има објавено вкупно 58 огласи. Цитираните институции во вашиот напис, своите барања ги доставиле во периодот помеѓу 07.10.2016 и 17.10.2016 година, така што Агенцијата постапила во својот законски рок утврден во член 34 став (1) од Закон за административни службеници („Службен весник на РМ“ број 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16 и 142/16).

- Advertisements -

На интернет локацијата www.aa.mk во делот НОВОСТИ објавено е Соопштение во кое е наведено дека Агенцијата постапува согласно членот 8-а од Изменување и дополнување на Изборен Законик („Службен весник на РМ“ број 196/15) и „за започнатите постапки за селекција на кандидати за вработување на административни службеници, Агенцијата за администрација ќе донесе решенија за мирување, во зависност од фазата во која се наоѓаат, велат од Агенцијата.

„Фокус“ вчера објави дека на Агенцијата за администрација се појавија огласи за вработување со датум на денот на распишувањето на изборите, 18 овој месец, и еден ден подоцна. Општина Охрид објави оглас за вработување на двајца државни службеници, а истиот ден оглас за вработување распишало и Министерството за образование и наука, за вдомување на тројца државни службеници.

Наредниот ден, бидејќи на огласот стоеше 19 ноември, истото министерство објавило уште еден оглас, со кој бара уште двајца државни службеници, а оглас со истиот датум осамна и од Јавното претпријатие за комунални дејности п.о „Лакавица“-Конче.

Од Агенцијата ја демантираат и ненамерната грешка, односно „Фокус“ објави дека покрај овие огласи, кои не смеело да се објават, треба да запрат и оние кои се активни, а ги има стотина, мислејќи на стотина вработувања, бидејќи со еден оглас се распишуваат по неколку работни места.

Според Изборниот законик, во член 8а став 1, се забранети предизборните вработувања.

„Од денот на донесување на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот…, не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи“, стои во Изборниот закон.

 

Поврзани новости