Делта сојот во Германија го одложи олабавувањето на мерките, кризата не е завршена

by Fokus

Делта сојот на коронавирусот би можел да и нанесе сериозни штети на економијата, со растот на новозаразените со оваа варијанта на ковид-19, соопштува институтот за економски истражувања Ифо.

-Делта сојот е сериозна опасност за германската економија, изјави лидерот на Ифо институтот, Клеменс Фуест во интервјуто за порталот Т-онлајн, објавено во неделата.

Нема се да биде изгубено, но поради растот на бројките од новиот сој, економското опоравување ќе биде одложено, особено во секторите во кои пандемијата веќе нанесе голема штета, како што се рестораните, туризамот, малопродажбата и слично.

Во Германија, бројот на заразени со делта сојот е двојно зголемен во првата недела на јуни, според податоците на Институтот Роберт Коч за контрола на болестите.

Покрај кампања за побрзо вакцинирање на населението во Германија, владата одлучи да го одложи ублажувањето на мерките, стравувајќи од ширењето на оваа варијанта на ковид-19.

Последиците на пандемијата ќе се чувствуваат уште долго, а кризата сеуште не е завршена, стоеше во изјавата на германскиот економски институт.

Поврзани новости