Делови од Железара и Автокоманда без вода

by Фокус

Поради поврзување водоводна мрежа во Парк шума Гази Баба денеска од 8 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците „Коце Металец“, „Душан Тасковиќ“ и „Гемиџиска“ во населба Железара.

Како што информира РЦУК – Скопје, во населбата Автокоманда без вода ќе бидат дел од корисниците од улиците „Јани Лукровски“ и „Ташко Караџа“ или висока зона во општина Гази Баба.

Цистерна за питка вода ќе биде стационирана пред „Ремедика“ и поликлиника Железара. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со работните активности.

 

Поврзани новости