Делегацијата на СДСМ оддаде почит на Киро Глигоров

by fokus

По повод 8 Септември Денот на независноста, делегацијата на СДСМ денеска оддаде почит и положи цвеќе на гробот на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.

-Претседателот Глигоров со мудрите и обединувачки политики ги постави темелите на слободна, независна и суверена Република Македонија и влезе во еден од најсветлите делови на историјата на држава. СДСМ и граѓаните на Македонија продолжуваат по тој пат на единствена, стабилна, безбедна, граѓанска и просперитетна Македонија- порачаа од партијата.

Во состав на делегацијата беа членовите на Извршниот одбор на партијата Љупчо Николовски Аднан Џаферовски и Рената Јајоска.

Поврзани новости