Делегација на СПЦ на чело со г. г. Порфириј во посета на МПЦ-ОА

by fokus 18:17
18:17

Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година, во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација на Српската Православна Црква предводена од Неговата Светост, соопшти Синодот на МПЦ-ОА.

-На 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Неговата Светост Српскиот Патријарх г. г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински Цркви, ќе служат Божествена Литургија.

Го повикуваме верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија да земе молитвено учество, се вели во соопштението.

Вчера во црквата „Свети Сава“ СПЦ и МПЦ – ОА по 55 години, прв пат, одржаа заедничка литургија во Белград.

Поврзани новости