Делегација на ПССЕ ќе ги следи изборите во Македонија

by fokus

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ќе ги следи изборите во Македонија закажани за 11 декември, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Во делегацијата ќе има вкупно 20 парламентарци и уште 12 нивни заменици, како и претставници на секретаријатот на ПССЕ.

ПССЕ ја испраќа својата делегација на покана на претседателот на македонското Собрание Трајко Велјаноски.

Неа најверојатно ќе ја предводи Стефан Шенах од Австрија, кој веќе престојуваше во Македонија во предизоборната мисија во април, кога се проценуваа условите за избори на 5ти јуни, кои подоцна беа одложени.

Поврзани новости