Делчев: Во полициската станица Стење не е инвестирано од 1992 година

by fokus

Полициската станица и граничниот премин Стење се во многу лоша состојба и во нив не инвестирано од 1992 година, рече денеска на прес конференција претседателот на Независниот полициски синдикат, Гоце Делчев.

Тој побара од надлежното министерство уште оваа буџетска година да се обезбедат средства и да се создадат достојни услови за околу 40 вработени во Стење.

-Ова е сведоштво за условите во кои живеат и работат полициските службеници.Се соочивме со слика која потсетува на време кое застанало во 90-тите.Ние како синдикат бевме трпеливи и чекавме да поминат изборите, но сега ,јавно и отворено бараме од МВР,да се одвои време и да види во каква состојба е овој граничен премин. Да се заложи и да овозможи живот за полицајците, особено водени од фактот дека туму се водат дисциплински постапки против 16 вработени.Ако има казни, нека има и одговорност, рече Делчев.

Поврзани новости