Делчев не може да не двои, тој дејствувал за напредни идеи кои поврзуваат, вели Заев

by Fokus

Низ отворен процес на соработка покажавме дека можеме да ги надминеме спорните прашања од минатото и да се сплотиме околу она што е заедничко за иднината на Македонија и Бугарија, а тоа е засилена соработка, партнерство и заемна доверба. Делчев не може да не двои, Делчев дејствувал за напредни идеи кои поврзуваат.

Ова го истакнува премиерот Зоран Заев во интервју за Локално, кој вели дека односите со Бугарија ги темелиме на Договорот за добрососедство и соработка меѓу двете земји кој е добра појдовна точка за затворање на сите отворени прашања.

-Убеден сум дека постои добра шанса, секое отворено прашање, па и во однос на Гоце Делчев да најдеме решиме на начин на кој и двете страни ќе бидат задоволни. Низ отворен процес на соработка покажавме дека можеме да ги надминеме спорните прашања од минатото и да се сплотиме околу она што е заедничко за иднината на двете држави, а тоа е засилена соработка, партнерство и заемна доверба. Делчев не може да не двои, Делчев дејствувал за напредни идеи кои поврзуваат, вели премиерот во интервјуто.

Поврзани новости