Дел Понте: Ердоган треба да биде обвинет за воени злосторства

by Fokus

Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте, смета дека е потребна истрага против турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и обвинение за воени злосторства во врска со офанзивата на неговата земја во Сирија.

Дел Понте во интервју за швајцарскиот весник „Швајц Ам Вохененде“ рече дека турската интервенција го нарушила меѓународното право и го обновила конфликтот во Сирија.

– Би требало да се отвори истрага против него и да биде обвинет за воени злосторства. Не треба да му се дозволува да се извлече без казна, оцени Дел Понте.

Поврзани новости