Дел од рамковно вработените ќе се распределуваат во УЈП

by fokus

Владата на денешната 82. седница ја разгледа и усвои информацијата за одбележување на годишнината на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Истовремено го задолжи Секретаријатот за европски прашања да дефинира програма и технички детали за спроведување на програмата како и да ги превземе сите други активности за организација и одбележување на овој настан.

Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за состојбата со правичната застапеност на вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) на РМ, и ја задолжи УЈП да изготви План за подобрување на состојбата на правичната застапеност на вработените во УЈП преку превземање на одреден број на вработени од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот Договор согласно квалификациите и согласно донесената одлука на Влада на РМ, како и да изготви акционен план за да се спроведе подобрување на правичната застапеност на вработените.

Поврзани новости