Дел од демострантите преноќија на автопатот кај Белград

by fokus

Дел од учесниците на третиот протест „Србија против насилството“ ја поминаа ноќта блокирајќи дел од меѓународниот автопат кај Нов Белград кај пумпата „НИС“. Денеска наутро околу шест часот, блокадата заврши и сообраќајот беше обновен.

Вчера насобраните изјавија дека нема да се откажат од блокадата додека не се исполнат нивните барања.

Освен неколку шатори, демонстрантите поставија и вреќи за спиење и градинарски столчиња, а како што рекоа синоќа учесниците на протестот на репортерот на агенцијата Бета, таму ќе останат до понатамошно известување. Сепак, тие се разидоа утрово.

Поврзани новости