Дејан Недев е нов европски шампион во кати

by Fokus

Каратистот Дејан Недев освои златен медал во кати на Европскиот шампионат во Питешти, Романија. Ова е седма европска титула во неговата долга и богата кариера.

Јадранка Недева, исто така, освои златен медал во кати кај сениорките, а Матеј Ангеловски се закити со сребрен медал во фукуго и бронзен во кого-кумите. Во јуниорска конкуренција со злато во кого-кумите се закити Мила Саздова, а во фукуго го освои сребрениот медал.

Антонија Белазелкоска во кадетска конкуренција во кати и фукуго освои бронзени медаљи.

Натпреварите се уште се во тек. На нив треба да настапи Матеј Ангеловски во дисциплината кумите за сениори.

На Европскиот шампионат во Питешти учествуваат 387 каратисти од 24 земји.

Поврзани новости