Дејан Митровски – Урко: Со промена на името на федерацијата се зголемуваат можностите за развој

by Fokus
Кик бокс федерацијата на Македонија, на чие чело е Дејан Митовски Урко го смени името. Наместо ,,Кик боксинг федерацијата на Македонија“ станува „Кик бокс маи таи федерација на Македонија’’.

Со спроведување на промените Федерацијата на следното Собрание на ИФМА ќе станела полноправна членка. Со новите измени на Статутот се овозможувал прием на Федерацијата во МОК и сите меѓународни организации кои го поддржуваат овој олимписки спорт, со што ќе се зголемеле можностите за развој и афирмација на спортот во Македонија.

Ова било заклучено на редовно Годишно Собрание со присуство на мнозинството делегати, сите активни придружни членови како и претставник на Агенцијата на млади и спорт на РМ.

-Оваа промена на името следи по серијата на преговори и усогласувања на претседателот на Кик боксинг федерацијата на Македонија (КБФМ), Дејан Митровски – Урко, со претседателот на Светската асоцијација на кик бокс организации (ВАКО) Борислав Пелевиќ во Белград и претседателот на Светската федерација за мај тај аматери (ИФМА), Сакчи Тапсуван и генералниот секретар на ИФМА, Стефан Фокс во Канкун, Мексико; од причина што нашата репрезентација долги години настапува не само на ВАКО, туку и на ИФМА натпреварите, од каде што се враќа со бројни резултати. Најсвеж пример за тоа е резултатот од Светското ИФМА мај тај првенство 2018 во Канкун, Мексико каде македонската репрезентација настапи со тројца натпреварувачи и освои 1 златен и 1 сребрен медал (во Б-класа), каде што се поставија и темелите на завршниот договор. Со овие преговори беше договорено дека со спроведување на бараните промени нашата Федерација на следното Собрание на ИФМА ќе стане полноправна членка. Со новите измени на Статутот се овозможува прием на Федерацијата во МОК и сите меѓународни организации кои го поддржуваат овој олимписки спорт, со што ќе се зголемат можностите за развој и афирмација на спортот во Македонија- информира Митровски.

Вики Клинчарова

Поврзани новости