Дејан Блажески ќе биде нов шеф на кабинет на министерот Филипче, се доекипира неговиот кабинет

by Fokus

Новиот министер за здравство Венко Филипче деновиве го доекипира својот кабинет, откако пред еден месец седна на министерското столче, дознава „Фокус“ од извори во ресорното министерство.

Според нашите информации, нов шеф на кабиент на министерот Филипче ќе биде Дејан Блажески, кој има дипломирано на Економскиот факултет во Скопје и е магистер за јавни здравствени системи. Тој, претходно бил портпарол на централниот штаб на Либерално демократската партија во Охрид. Блажески доаѓа на работа во министерството за здравство по доаѓањето на Филипче за министер.

Освен него, во кабинетот на Филипче ќе биде и Ангелина Бачановиќ која по професија е правник. Таа е најдолго вработена во министерството за здравство. Исто така, во кабинетот на новиот министер ќе биде Билјана Танеска, која ќе биде негов советник, а според нашите информации, таа во ресорното министерство е дојдена пред неколку недели, односно по стапувањето на Филипче на новата функција.

Од министерството за здравство ги потврдија информациите на „Фокус“.

И.М. 

 

Поврзани новости