Дехари од ДУИ: Подобро е да бидеме противници на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари, денеска на средбата која ја имаше со евроамбасадорот Самуел Жбогар рече дека подобро е ДУИ да биде противник на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето на Жбогар, дали е подобро ВМРО-ДПМНЕ да коалицира со ДУИ или да му биде противник, Дехари рекол дека подобро би го избрал за опонент, затоа што тоа би го мотивирало да работи повеќе.

Според Жбогар, многу е битно да се формира влада која ќе се занимава со приоритетните реформи, кои се нотирани во последниот извештај на Европската Комисија.

Поврзани новости