(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

Стево ПЕНДАРОВСКИ безмилосен стратег
Дури го чекам Заев на кафе, да го пиеме кога ќе се повлече официјално,
од Маричиќ, за оние што чекаа помилувања, стигна известување жално.
За Нова Година ќе нема помилувања, а тоа значи ќе сум безмилосен јас,
но затоа кројам стратегија МКД2030, за сите маки државни таа ни е спас!

Данела АРСОВСКА градоначалничка на ниво
Го креваме нивото на надзорот, и инспекторите ќе работат во три смени,
а го креваме и отпадот од дивите депонии, тоа народот мора да го цени!
Воедно ќе ги спуштиме нивоата на шахтите, граѓаните нивелација бараат,
а со Стевчо редовно комуницирам, џабе медиумите сакаат да нѐ скараат!

Фатмир БИТИЌИ чувар на стандардот
Колегата Бесими ви кажа дека нема да има К-15 во 2022 за секторот јавен,
а иако и струјата поскапува, за нас стандардот останува приоритет главен!
Па така, од први јануари, најевтина струја во регионот сѐ уште ќе плаќаме,
но без гајле, радиодифузната такса сѐ уште не помислуваме да ја враќаме!

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Мила Царовска и Димитар Апасиев е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости