(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Бујар ОСМАНИ борец против забуни
За идејата на ЛДП да го викаме Киев Киив и слични промени, „за“не сум,
во МНР едвај Словенија од Словачка ја разликуваме, за повеќе фали ум!
Нови шанси за грешки не сакам, на пример од Јордан урми ќе купуваме,
значи од кралството, а не од Камчев, па ете од забуни како ќе се чуваме!

 

Данела АРСОВСКА градоначалничка под опсада
Уф, баш го разбирам колегата Касами, кучиња му носат од други градови,
мене во Скопје кучиња партиски ме лаат, Славески и слични нему гадови!
Дури и ЈСП направи штрајк, а по мејл за поставена бомба добивме закана,
„Водовод“ спрема штрајк, порака од Мицко е тоа дека не сум веќе сакана!

 

Христијан МИЦКОСКИ хиперактивен опозиционер
Ако трепне човек може да пропушти некоја од моите активности, стварно,
еве понудив семакедонско обединување, се разбира околу мене, најарно!
На Албанците им понудив промени во Уставот, да го снема оној Бадинтер,
и Бугарите би влегле во Устав, ако ЕУ гарантира дека од сега ќе биде фер!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Димитар Ковачевски, Славјанка Петровска, Талат Џафери и Никола Тупанчески е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости