(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ на мисија во Њујорк
Со тврдењето на ВМРО дека сум дезертер од АРМ, ептен ме навредија,
тогаш имав баш тешки болки, но со нападов сега во срце ме повредија!
Неспособен сум бил за војна, точно, но во мирот и тоа како се снаоѓам,
со Османи сум во Њујорк на ООН, за мир во светот решенија изнаоѓам!

 

Христијан МИЦКОСКИ очекувач на нереди
Уф, лидерски потоп се случува, прво Села, па после Милевски се симна,
Данела не ја бројам, уште е на власт, а пред тоа беше фуфла анонимна!
Оној премиерон ви реков дека е неспособен, па останав лидер само јас,
очекувајте нереди оваа зима, и само ако станам премиер, тоа ви е спас!

 

Славјанка ПЕТРОВСКА личност со манири
Па како бре не му е срам на оној Ковачки да објавува една воена тајна,
и да тврди дека нашиот премиер бил дезертер со неспособност трајна!?
Ма тоа вмровците треба на Ковачевски да му кажат едно големо „фала“,
или букет со посвета да пратат, ко јас на Сузана, идол што ми е од мала!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Данела Арсовска, Стево Пендаровски, Стевчо Јакимовски и Димитар Апасиев е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости