(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Данела АРСОВСКА навистина независна
Повторно сум во свој Елемент, а така се вика и агенцијата што ме фали,
за 90 илјади евра ќе ме промовира, а и ВМРО по мене ќе мора да жали!
Сите директори вмровски се повлекоа, а и онака имаа слаб потенцијал,
па јас независно ќе владеам со градот, за тендери просторот и не е мал!

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ полн со енергија
Од вински саем скоро директно во лозје се префрлив, грозје да берам,
а на слична тема: не копајте криптовалути, апелирам еве, не ве терам!
Но нема да фали струја, баш во Атина со Мицотакис зборевме и за тоа,
јаглен и мазут непречено од Грција ќе иде, за џабе ли сме во НАТО, а?

 

Никола ГРУЕВСКИ евоцирач на спомени
Кога чув дека градоначалникот на Арачиново бил нападнат со удари,
ми се врати споменот од 2013-та, кога јас сѐ уште не бев баш мудар и
реков Жерновски да попие два-три јаки шамари, ех тоа времиња беа,
туку чув ќе се барало пак моја екстрадиција, е баш се уплашив од неа!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Стево Пендаровски, Димитар Апасиев и Славјанка Петровска е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости