(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus 18:20
18:20

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Фатмир БЕСИМИ даночен молзач
Секој сака да цица од буџетот, но никој не сака да го молзат како крава,
но данокот мораме од некого да го собереме, па секој треба да си дава!
Така, од 2023-та старуваат и нови даноци, на пример на штедни влогови,
кој и да е на власт ќе молзе до СМ(А)РТ, па џабе е да покажувате рогови!

 

Данела АРСОВСКА прочистувач на чистачите
Во „Комунална хигиена“ заигра метла за оние кои под тепих се криеле,
избркавме 33-ца ангажирани кои наместо да работат, по дома спиеле!
Па се јави „волк од планина“ со закани, биле по рамковен избрканите,
Косана ги покоси, и треба така, доволно им беше на привилегираните!

 

Никола ДИМИТРОВ навреден од терминот
Со Преспанскиот договор влеговме во НАТО и тоа за нас беше голем ќар,
ама имаме и зијани, на пример „северномакедонци“ нѐ нарече Ескобар.
Мислам на Габриел од Америка, а не на Пабло од Колумбија, очигледно,
иако и за името понудата беше „олово или сребро“, и избравме (б)едно!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски,  Славјанка Петровска и Вилма Русковска е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

Поврзани новости