(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Никола ТУПАНЧЕСКИ реформатор на туризмот
Ќе го преболиме Груевски што нонстоп пишува на ФБ од Будимпешта, ај,
но сега во Струга го чекаме Мијалков со прашање: да не требит смештај?
Мора да го смениме законот, и за моќниците затворски туризам да нема,
судството е со 8 посто доверба, под партиски сонца, се сонча без крема!

 

Никола ГРУЕВСКИ советник за евроинтеграции
Бугарија сака да создаде втора бугарска држава на Балканот, тоа е јасно,
многу од тие кои ме напаѓаа мене на времето го сфатија тоа, ама е касно!
Па за влез во ЕУ има сал два начина: првиот е на Бугарите да се покорите,
а вториот е мојот: украдете куп пари, здувајте, и за азил ќе се договорите.

 

Данела АРСОВСКА во очекување на обезбедување
Во секоја земја главниот град е ко држава во држава, а Скопје е град мој,
за да владеам од Сарај до Лисиче, ми треба моја армија, спремна за бој!
Советот сакав агенција за обезбедување да ми створи, и тоа одложено е,
за утеха ќе има установа за урбанизам „Кензо Танге“, помалку сложено е!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Фатмир Бесими, Стево Пендаровски и Славјанка Арсовска е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани новости