(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Талат ЏАФЕРИ гледач во театар
Леле, каков театар имав пред себе, прво Дафина го искина документот,
па Ковачки покажа дека за палење со запалка просто го нема талентот,
конечно Јаулески му покажа како се прави тоа, и на говорница палеше,
а јас на Апасиев прстето ќе му го скршев, малку за инцидентот фалеше!

 

Христијан МИЦКОСКИ непоправилив легалист
Од една страна, 68 пратеници гласаа за протоколот, затоа легално е сѐ,
полегално е и збирање потписи за референдум, од тоа власта се тресе!
А најлегално е што имам изјави од пратениците и на нотар се заверени,
па, следете ме уште, немојте баш сега да се почувствувате изневерени!

 

Антонио МИЛОШОСКИ љубител на славење
Ми извадија клипче од ерата кога се правев на Тошо Александров фан
мислеа дека ќе ме посрамат мене, еј мене, што од срам сум опериран,
ама јасно е дека тие не се од срамот имуни, инаку ќе направеа фешта,
само нека тонат, ќе славиме ние, кога ќе се врати оној од Будимпешта!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Димитар Ковачевски, Стево Пендаровски, Димитар Апасиев и Данела Арсовска е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

 

 

 

 

 

Поврзани новости