(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ недавач на избори
Еј, Мицко, ако не сакаш да слушаш па мора како на дете и да ти се црта
отвори очи и види сега: избори ќе има во две илјади дваесет и четврта!
Протестирај си ти до тогаш нонстоп, но мене власта од раце не ми бега,
а ние до тогаш ќе си тераме (како што рече Ахмети) исто како и до сега!

 

Данела АРСОВСКА изнаоѓач на пари
Што се јави па оној Крешник Бектеши да збори дека немам капацитети
да го решам парното во Скопје, како што ВМРО лани пред избори вети?
Ги кренав по 2.800 денари платите во градските служби, колку сум фер,
а и со парното лесно ќе се справам, особено ако Мицко стане премиер!

 

Талат ЏАФЕРИ мета на интерпелација
Е, баш е досадна опозицијата, за ништо не ја бива, само за манипулација,
поднеле барање за моја смена, и џабе губат време со таа интерпелација!
Во поднесеното барање, низа груби невистини има, ВМРО за мене лаже,
а јас сум најдобар спикер до сега, нека го прашаат Мисовски ќе им каже!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Стевчо Јакимовски, Славјанка Петровска и  Стево Пендаровски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости