(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus 21:00
21:00

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ насмеан ученик
Од Бранко сум учел политика, ама да ме испраша тој кец би ми опнал,
оти на вицот на Рама се смеев ко луд, ни Заев бе така не би се сопнал,
ме распнаа на твитер, фејсбук за „Западна Бугарија“, крив сум си сам,
ајт, следниот пат (а ќе има и следен пат) ќе пазам, да не ме јаде срам!

 

Христијан МИЦКОСКИ излегувач на улица
А бе ич не се секирам за најавената конфискација на партиската зграда,
богати не се овчарите со многу бачила, туку тие со големи, верни стада!
Јас и онака не планирам да дремам во палатата и на улица ќе сум често,
нонстоп на митинзи, сѐ додека на „Илинденска бр.2“ не добијам место!

 

Зоран ЗАЕВ основач на фондација
Уште од пранкот со лажниот Порошенко, на срце Украинците ми лежат,
па од фондацијата моја им пратив помош, парите и онака сал ми тежат!
Со брат Вице основавме фондација, па викајте ме хуманитарец од сега,
немам задни намери, не одам за Киев ако (ко Грујо) затреба да се бега!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Стевчо Јакимовски, Стево Пендаровски, Славјанка Петровска и Фатмир Битиќи е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости