Дефект во РЕК, ЕЛЕМ увезува струја

by fokus

Минуснисте температури го исфлија од употреба еден од трите блока во РЕК Битола, дознава 24 Вести.

Во текот на минатата ноќ еден од блоковите откажал, по што ЕЛЕМ на тендер распишал набавка на струја и тоа 400 мегават часови биле потребни за вчера за периодот од 20 до 24 часот.

За задоволување на потребите на домаќинствата и на останатите потрошувачи што не се на либерализираниот пазар за денеска се потребни дополнително 4 илјади и 200 мегават часови и за утрешниот ден од полноќ до 8 часот 800 мегават часови струја.

Од ЕЛЕМ се чека да информираат дали е редовен или интеревентен увоз.

Со предупредување дека земјата е речиси без струја, утрово излезе и СДСМ, од каде велат дека и покрај скапите поправки, блоковите на РЕК Битола постојано откажуваат. Од партијата обвинија дека власта во заминување ги стави во опасност граѓаните на минус 20 степени.

Поврзани новости