Дефект на владиниот авион

by Фокус

Владиниот авион со кој премиерот Никола Груевски и неговите соработници се враќале од преговорите во Стразбур принудно слетал во Цирих поради дефект. Сите патници, вклучувајќи го и премиерот, се добро.

-Според информациите кои ги имам, присутни во авионот велат дека се слушнал гласен и продорен звук, по што дошло до пореметување на внатрешниот притисок, а пилотот веднаш се обидел да ја намали висината за да се обиде да го намали притисокот и по протокол за вакви ситуации да го слета авинот на најблискиот аеродром, појасни владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев во изјава за МИА.

Тој додаде дека сега  надлежните служби треба да ги преземат сите дејствија за утврдување на фактите за дефектот на владиниот авион кој е стар осум години.

Поврзани новости