Дедо Стефан отвори Фејсбук

by lali

По неколкугодишно размислување поглаварот на МПЦ Господин Господин Стефан завчера отвори профил на Фејсбук. Дедо Стефан толку многу се заигра со Фејсбукот што веднаш постираше фотографија од неговите стапала покрај плажата во Љубаниште, а во исто време таму го чекираше и Субрата Рој.

– Профилот ми го отвори Иле за да може заедно да следиме што пишува оној со ранецот, Отец Пимен – ова на блиските им го кажал поглаварот на МПЦ.

Се шпекулира дека Дедо Стефан му пишал лично на газдата на Фејсбук, Марк Цукенберг и побарал на неговиот профил наместо лајкови да има „баци рака“.

Наредниот ден донесе контроверзии и широки теолошко-филозофски расправии зошто Дедо Стефан му стисна лајк на Стефчо Јакимовски кога овој ја постираше песната „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“. Полемиката се водеше на тема дали може поглаварот да верува оти некој е посилен од судбината, а владиката само се пошегува дека Јакимовски со белата брада му личел на Дедо Боже и затоа турил лајк („баци рака“).

disklejmer

Поврзани новости