Дединец: Почисто Скопје до 2025 година!

by fokus

Александар Дединец, научен соработник во МАНУ за енергетика и животна средина, во интервју за РСЕ вели дека прават стратегии со кои треба да се најдат изворите на загадување и тие да се тргнат. Тој вели проблемот треба да се реши систематски, не само да се превенира.

-Ние сакаме проблемот да го решиме систематски, не само да превенираме, туку да се излечиме од овој проблем. Овие краткорочни мерки се превенција, да се адаптираме на загадувањето, да гледаме да го намалиме во моментот, но ние сакаме да ги најдеме изворите кои најмногу придонесуваат за тоа и да можеме да го тргнеме изворот кој придонесува до тоа и затоа нашата визија е за почисто Скопје до 2025 година.

На прашањето како гледа на критиките на јавноста дека Владата издвојува само 1,6 милиони евра за да се справи со загадувањето, Дединец вели:

-Токму тоа е една од водечките идеи во нашите студии што ги работевме, особено за транспортен сектор, каде што велиме дека оние пари кои се собрани од еколошките такси по различни основи, без разлика дали е тоа при увоз на возила, дали е при оданочување кога се полни гориво или е при регистрација на возилата,сите тие пари на некој начин да се вратат на граѓаните преку одредени субвенции за купување на поефикасни возила.

Поврзани новости