Дечко, зашто чачкаш мечку у ……

by Фокус

пишува Агим Јонуз

Во старт да расчистиме дека моево обраќање е до новинарот Васко Ефтов ( во понатамошниот текст за мене ‘’ало, дечко’’) а не како на приватна личност и граѓанинот Васко Ефтов. Сите си имаме семејства кои треба да си ги штитиме од трауми затоа што нѐ следат и емотивно преживуваат се што е врзано за нас. Затоа, почит и респект и за твоето и за моето семејство.  Животот не е еден ден. Треба да живееме и да ги почитуваме приватностите. Та, нели насловот на емисијата ти беше за соживот. Тогаш, ајде да почнам.

Дечко. Кога бог го создавал светот рекол ‘’и нека биде светлина’’. И би светлина. Сонцето го создал за сите суштества на оваа планета. Да не грее сите нас исто и да ни го осветлува патот. Тоа што ние избираме различни патишта не е божја, туку наша вина и избор.  Секако и тука има некаков ред, дури и во различностите.  На патиштата, на мислата, на перцепцијата, на се она што бог со неговиот дар ни овозможил да креираме слика и за него и за овој и за оној свет. Еден од дестетте постулати е и оној ‘’не суди’’. Сега и во овој текст нема да дискутираме за мојсеевите закони, зашто ако се фатиме за нив сите ќе испаднеме грешници на некоја кривина. Арно ама дечко,  клучната поента во филмов, дечко Василаки е токму тоа. Тие уникатни и вечни правила носат една порака со која си скаран. Пораката се вика – НЕГУВАЈ ЕЛЕМЕНТАРНА ЕТИКА !

ЕТИКАТА, дечко, е апстракција за една група луѓе. За тебе – труба драгачевка. Ама, на вистината за воља, уклопен си у миљето ‘’пасент’’. Теоријата на релативитетот поставува една заебанција. Вели, мракот не е мрак. Мракот е само – одсуство на светлина. Начинот на кој ти ја водеше емисијата со мене беше чисто гасење на светлината, за да потоа инсталираш контекст дека да не беше ти, народот немаше да знае дека Агим Јонуз и е тежок душман на Р. Македонија. ПОРАСНИ,.. ДИГНИ ДВА ПРСТА, па потоа збори друг пат со мене дечко. Да беше Ајнштајн жив, милион посто сум сигурен дека ке го викаше у емисија за да му инсталираш теза дека он е мајмун, а ти се сомневаш во тоа дека работи за МОСАД. За да биде денот ден, треба сонце. Сонцето на соживотот во Р. Македонија зависи од такви како тебе и мене. Ние сме јавни личности кои имаат зад себе цела армада следбеници, истомисленици, што како став, што како идеја, што како почит. Чија тежина на јавниот збор има директен импакт на улица. Народот консумира медиумски попари секојдневно. Какви се медиумите не треба да носиш дебел диоптер за да разбереш. Во целата таа папазјанија, ти се дрзнуваш да разгоруваш огин со човек кој за тебе измислил дефиниција – соживот. Немам потреба да ти елаборираам баш тебе дечко Василаки кој сум јас. Не ми значиш ништо во животот за да ти објашњавам. Ова го правам за сите оние добри луѓе кои си ги познавам и од се срце сакам (Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми и др)  кои се збунети гледајќи како цело време си запнал со својот ексклузивистичко-силеџиски начин на комуницирање и водење емисија да бидеш интересен. Можеби интересен си. Ама крајно време е да се освестиш и дека стануваш – опасен! По кого? Па, токму по соживотот во Р. Македонија. Зошто? Еве зошто. Мене и мојот стил на пишување ми дозволуваат да употребам понекоја вулгарност во колумните затоа што со текот на времето стилот станал препознатлив баш по тоа. Затоа, а во тој контекст, мојата едноставна порака до тебе ке биде ‘’Дечко, не чачкај мечку у п…у’’!!! (простете дами, домаќинки, девојчиња и преваспитани граѓани). Нека простаклакот, неваспитањето и консеквенците за искажаново пред народ, биде мој. Завршен пасус.

На Р. Македонија и се потребни конструктивци, а не шушкачи, афирмативци, а не сврдлиња, трагачи по светлина, а не дувачи на свеќи, ловци на аждери, а не бркачи на пеперутки. На Р. Македонија и се потребни сејачи на жито, а не потпалувачи на сено, потребни и се грнчари за да прават стомни, а не шутирачи на стомни. Потребни и се насмевки, а не сиво модри цинични лица од кои излага јазик на омраза, на сомнеж, на заврзлама, на лицемерие во време во кое и децата почнаа да разликуваат ‘’добри од лоши чичковци’’. Јадна е Македонија ако ние, јавните личности кои се креатори на амбиентот во Р. Македонија не дадеме позитивни, а не деструктивни примери на соживот, на мир, на толерацнија од аспект на нееднаквости по основ на етникум, религија, боја, раса, полова припадност.  Имаш своја емисија, свој ‘’к.. ми е двор ми е’’ медиумски простор. Кој ти бре к…ц?!? Да бидеш интересен? Да гледа народ у тебе тип кој да не беше немаше да знае Македонија кој е кој и што е што у државава! Која заблуда! Па Македонија е мала земја у која тачно се знае чии ноги како смрдат. Алооооо.

За разлика од тебе дечко, јас кога излагам у чаршија, ТИ ГАРАНТИРАМ дека во секоја кафеана има барем една маса на која со задоволство би ме почестиле кафе. За разлика од тебе за кого гарантирам дека има места каде што си ‘’ПЕРСОНА НОН ГРАТА’’ , спремен сум да се опкладам дека сум ‘’ГРАТА’’. За разлика од тебе, за мене нема град во Македонија каде што нема отворена врата за мене да бидам гостин, да ми направат сајгија, да преспијам и да бидам срдечно дочекан. ТОА Е МОЕТО БОГАТСТВО, а не твоите инсинуации за некакви ‘’бонбона бизниси‘’ за кои ( нема алтернативен збор) ‘’ми сереш’’ и ми ги местиш у емисија. Дечкооо!!! Свести се!  А,  ако некој ме праша зошто и како си дозволив да ти посветам простор во мојата колумна која прејде во директно обраќање, одговорот е едноставен. Ти си колумна сам по себе. Велат, ‘’и најлошите работи не се бескорисни. Служат макар како лош пример’’. За моја среќа, јас познавам прекрасни луѓе егејци. Негувам фантастични односи . Во понекои куќи можам и без прашање да одам во кујната и да брцнам во тенџерето ако сум гладен. Во колку албански куќи можеш ти тоа да го направиш?!?

Ти ми кењаш за соживот?!?

Дечко, ајде олади! И ако чачкаш мечка, глеј да не ја раздразниш премногу,..(фигуративно). Не се плаши, нечу ти ништа! Јас сум градител, а не минер на мостови. Е,… мој дечко, Василаки, не си ти крив. Времињата се такви. И ти треба да живееш од продажбата на емисијата.

Поврзани новости