Дебатата е завршена, пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април, тврди Заев

by fokus 13:36
13:36

Дебатата за пописот е завршена. Попис од 1 до 21 април ќе се спроведе во нашата земја. Ние сме една од ретките земји во светот, кои што 20 години немаат попис и треба да бидеме уште поодговорни час поскоро да го спроведеме пописот, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашања по потпишувањето на договорот за грант за обновливи извори на енергетска транзиција.

Во духот на инклузивноста и обидот за постигнување консензус, посочи Заев, сме имале разбирачка за сите предлози и се што може да биде прифатливо и разумно, но дебатата за пописот е завршена.

- Advertisements -

– Какви и да беа коментарите за евентуално одложување или не, завршија. Дебатата во нашата земја од 2012 година наваму се води, откако не успеа пописот, а тоа се цели девет години како дебатираме за попис. И, доста беше дебатирање, дајте да седнеме и да го завршиме тој попис, затоа што, ниту ќе смени нешто политички во државата, ниту ќе скрати, ниту ќе дополни одредени предности, правила, привилегии или било што, рече Заев.

Пописот, нагласи тој, ќе даде статистички податоци како статистичка операција, кои што ни се толку многу важни за идното, секакво планирање во државата.

– Методологијата веќе е објавена и одговорени се сите прашања. Обврска, на секој граѓанин е да се попише. Има сериозни санкции за одбивањето, за давање одговори, односно непопишување со самиот попис. Тоа е граѓанска обврска кон државата и верувам дека сите ќе ја исполниме, изјави Заев.

Уште еднаш, Заев ги повика сите чинители во општеството – политичките партии, граѓанските организации, коморите, синдикатите и граѓаните, сите сериозни да пристапиме кон оваа статистичка операција.

Поврзани новости