Дебарските гимназијалци го бојкотираа првиот училишен ден, утре протест

by Fokus

Учениците од Средното општинско училиште „28 ноември“ во Дебар, денеска го бојкотираа почетокот на учебната година. 

Како што претходно најавија, тие бараат настава со физичко присуство на учениците, зашто сметаат дека во нивното училште ги има сите услови за тоа. 

-Сите професори точно на време беа во кабинетите подготвени за почеток на онлајн наставата. Ги вклучија компјутерите, но за жал од другата страна не се вклучи ниту еден ученик. Дополнително на тоа, нам, како управа, ни најавија дека утре заедно со нивните родители ќе протестираат пред гимназијата, изјави за МИА, директорот Рамадан Имери. 

Во ова единствено средно училиште во општината, заедно со  подрачните паралелки во село Могорче, настава на македонски и албански наставен јазик следат 584 ученици, од нив  156 во прва година, сите гимназиска насока. 

Поврзани новости