Де Хеа е нов капитен на Јунајтед

by fokus

Давид Де Хеа ќе потпише нов договор со Манчестер јунајтед, кој освен вртоглава сума на шпанскиот голман ќе му ја донесе и капитенската лента.

Според „Дејли меил“, Де Хеа ќе потпише договор во износ од 126 милиони евра, односно неделна плата од 412 илјади евра, со што станува втор најплатен играч кај „црвените ѓаволи“ по Алексис Санчез.

Со денешното потпишување, Јунајтед ќе ги прекине шпекулациите во врска со Де Хеа, дека ќе го напушти клубот бесплатно како слободен играч.

Де Хеа дојде во Манчестер во 2011 година, од Атлетико Мадрид за 17 милиони евра, а досега  за Јунајтед настапил 247 пати.

Поврзани новости