Давид е пронајден

by fokus

Давид е пронајден, во добра состојба е, се е во ред – вели за ,,Фокус” Зоран Илиев Роџер, по чиј син Давид се трагаше попладнево, откако заминал во непознат правец.

Тој се заблагодари на граѓаните кои се вклучија во потрагата и на јавноста и медиумите за поддршката. Информира дека син му бил пронајден на околу 15 километри од Скопје.

28-годишното момче утринава се оддалечило од домот, а поради одредени проблеми за кои семејството не сака да коментира во јавност, неговото заминување го пријавиле во полиција, а алармираа и во медиумите и на социјалните мрежи.

В.К.

Поврзани новости