Дац: „Госпоѓа Министерка“ не е тргната од репертоарот на МНТ

by fokus

Директорот на МНТ, Драган Спасов Дац денеска негираше дека претставата „Госпоѓа Министерка“ е тргната од репертоарот, откако актерката Весна Петрушевска објави дека таа не е ставена на репертоарот на театарот.

-Претставата која беше во приватна продукција, а пред некое време Весна изјави дека ја подарува на МНТ, ќе се игра. Во моментов МНТ има многу нови и квалитетни претстави кои мораат да имаат приоритет. Се спремаат три нови претстави од кои едната е ‘Мама миа’, мјузикл кој бара многу простор и време. Претставата ‘Госпоѓа министерка’ има своја публика и наскоро гледачите ќе можат да ја видат повторно. Во таа претстава се чувствува замор и ќе предложам да се среди сценографијата, костимите и да се направат неколку проби за истата да го добие првичниот сјај од премиерата, вели Дац.

Весна Петрушевска пред два дена на својот Фејсбук профил напиша дека претставата веќе ја нема на репертоарот.

-Госпоѓа министерка имаше продадено над 80.000 билети, како независен проект без пари од Министерство за култура во копродукција со МНТ, како и претставите „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ и „Брачна игра“. Па браво. Алал да ви е, напиша Петрушевска.

Поврзани новости