Даночен календар со кој бизнисмените ќе ги знаат промените шест месеци пред да се случат

by fokus

Преку воведување на даночен календар бизнис заедницата ќе ги знае промените во даночната сфера најмалку шест месеци пред да се спроведат.  На овој начин ќе се обезбеди поголема даночна предвидливост, а тоа значи и подобро бизнис опкружување, соопштува Министерството за финансии.

Согласно изјавата на министерот за финансии Фатмир Бесими од средбата со Стопанската комора на Македонија даночниот календар ќе овозможи бизнис-заедницата да ги знае даночните промени најмалку шест месеци пред да се случат.

Според Бесими, може да има исклучоци, потреба за брзи акции – како во случајот со ковид-кризата, но ќе се постави систем и механизми за транспарентно и навремено информирање.

 

Поврзани новости