Даниловски: Се плашам дека славите ќе донесат нови ризици

by Fokus

Епидемиологот Драган Даниловски во разговор во Студио 10 на ТВ 24 упати апел кон граѓаните во пресрет на славите, да ги почитуваат мерките за заштита, за да не скокне повторно бројката на заразени од корона вирусот.

„Очекуваме опаѓање на бројките од средината на овој месец. Но, тоа треба да се види. Позитивно е тоа дека од 22 ноември опаѓа бројот на заразени и на хоспитализирани. Менталитетот е тој што е, постои отсуство на совест. Сведоци сме на полни кафулиња, дружби, собири, журки. Тоа е нешто што не може да се смени во свеста на граѓаните. Оваа пандемија ги исфрли на површина сите недостатоци. Се плашам дека славите ќе донесат нови ризици“, смета Даниловски.

Поврзани новости