Даниловски: Новиот сој ќе ја полни статистиката додека не прегори!

by Fokus 18:50
18:50

Епидемиологот Драган Даниловски во изјава за ТВ24 порача дека не се потребни нови рестриктивни мерки и покрај зголемувањето на бројот на случаи во изминатите неколку седмици.

Според неговите очекувања, бројот на заразни од наредниот месец значително ќе се намали.

„Рестрективни мерки не се потребни, потребно е само да продолжат досегашните мерки, за носење маски во затворени простори, ова треба особено да важи за ранливите категории. Новиот сој на Ковид-19 ќе ја полни статистиката додека не прегори. Пикот ќе настапи во следниве седум дена и веќе во септември се очекува бројките да стивнат“, истакна Даниловски.

Поврзани новости