Даниловски: Нема причина да не се вакцинира лице кое прележало ковид

by Фокус

Не постои причина лице кое прележало ковид да не се вакцинира, независно дали развило или не антитела, порачува епидемиологот Драган Даниловски.

„Во ниту една земја во светот во која се спроведува масовна вакцинација, на пример, Израел, САД, Обединетото Кралство и сите други, воопшто не се прашува дали некој прележал ковид и колку време поминало од прележувањето – а камоли да се прават серолошки тестови пред вакцинирањето. Една најнова аргентинска студија покажала дека после давање на една доза на вакцина (Спутник В) кај прележани од ковид, се развил повисок титар на антитела, отколку кај оние што примиле две дози, а претходно немале ковид“, напиша Даниловски на фејсбук.

Ова, според него, покажува дека кај прележаните била доволна само една доза за да развијат полн имунитет.

Поврзани новости