Даниловски: Ќе можеме да се гушнеме штом постигнеме високо ниво на колективен имунитет!

by Fokus

Епидемиологот Драган Даниловски во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 порача дека во моментот кога ќе се постигне високо ниво на колективен имунитет, ќе може животот да почне да се враќа во нормала.

„Ќе можеме да одиме во кафана, да се гушкаме, кога ќе имаме високо ниво на колективен имунитет од над 80 отсто. Вакцините не се семожни. Се додека не се стекне колективниот имунитет, и тие што се вакцинирани можат да се инфицираат и да го пренесуваат вирусот“, вели Даниловски.

Поврзани новости