850
Корона вирусот се разгоре во Источна Македонија, вели епидемиологот Драган Даниловски во Студио 10 на ТВ 24 и изрази загриженост за целата состојба што се случува во јавниот превоз.
„Ако споредиме колку млади се дружат навечер, се спроведува без мерки на заштита и ако споредиме колку луѓе одат на работа со јавен превоз, гледаме луѓе натискани како сардини, јавниот транспорт е втор, ако не и прв по ранг ризик фактор за ова што ни се случува со пандемиската криза. Крајно време е да се зголеми бројот на автобусите, да се регулира бројот на патници кои влегуваат. Да се направи скалесто работно време, па во различно време да се качуваат луѓето во автобус“ вели Даниловски.