Данилоски, советникот што беше нападнат: Во Аеродром бегалци нема, единствени бегалци ќе се функционерите на ДПМНЕ осомничени за милионски криминал

by Fokus

Марко Данилоски, советник од редовите на СДСМ во општина Аеродром објаснува што точно се случило на вчерашната седница на Советот, кога тој беше нападнат од негов колега од ТМРО во врска со расправата за референдум за бегалците, кој ќе се одржи заедно со престојаните локални избори на 15 октомври.

Тој во изјава за „Фокус“ вели дека неговите колеги од ВМРО-ДПМНЕ и колегата Шехтански од ТМРО се вознемириле кога им ја кажал онаа друга страна, односно кога ја слушнале вистината дека токму тие донеле Стратегија за интеграција на бегалци за период 2008-2015, исто така и Национален акциски план.

– Ги погоди вистината дека нивнот тогашен министер за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, токму по тие документи со допис побарал градежни парцели за изградба на станбени единици. Јас ништо не измислив, се е документирано. Документите се достапни и тие го потврдуваат тоа. Нивно е само да седнат и да прочитаат. Затоа беа нервозни и сакаа да направат инцидент – тврди Данилоски.

Според него, „вмровците“ се свесни дека немаат поддршка од граѓаните и затоа мораат да направат лажни приказни за бегалци, да измислуваат фиктивни локации дека таму ќе имало згради, да шират страв, паника, затоа што така се научени.

– Така владееја толку години, со измислени приказни, павејќи и огромна штета на државата. Затоа, уште еднаш ќе повторам: „Во Аеродром бегалци ќе нема. Единствени бегалци ќе се функционерите на ВМРО-ДПМНЕ осомничени за милионски криминал и изборни измами, во обид да ја избегнат правдата – додава Данилоски. 

На вчерашната седница на Советот на општина Аеродром за малку ќе се случеше инцидент, кога советникот од ТМРО Александар Шехтански го „нападна“ неговиот колега од СДСМ.

Поврзани новости