Данијела Мартиновиќ преку песна кажа дека им простува на тие кои како крадци во мрак дошле на туѓо

by fokus

Популарната хрватска пејачка Данијела Мартиновиќ го промовираше видео записот за песната ,,Им верувам на луѓето”.
Песната ја снимила пред неколку месеци, но изработката на спотот траела подолго, бидејќи во него биле вклучени обични луѓе кои и испраќале свои фотографии, како и лица со разни здравствени проблеми, хуманисти, инспиративни личности кои не се дел од јавниот живот.

Стиховите на песната се доста впечатливи, и многумина веднаш ги протолкуваа како порака од Данијела до сите оние кои и нанеле некаква неправда во животот.

-Во конецот на капутот димот се вовлече, како крадец во мракот дојде на туѓото, отворам прозорец да влезе ветер, никому не долгувам, се е на масата, нека само носат, за секој има, уште се зелени полињата, сонцето ме прегрнува, им простувам на сите- се дел од стиховите.

Пејачката беше доста актуелна во регионалните медиуми периодов. Се раздели од партнерот Петар Грашо по 24 години минати заедно, а тој набргу се ожени со Хана, ќерка на нивни заеднички пријатели и соработници, парот Хуљиќ.

Пред неколку недели за хрватскиот магазин Глорија таа откри дека повторно е вљубена, а нејзиниот нов избраник кој по професија е полициски инспектор, исто така се занимава со музика и има рок бенд.

Вики Клинчарова

Поврзани новости