Даниела Рангелова меѓу осомничените за насилствата во Центар

by fokus

Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова била една од осомничените за време на истрагата на Специјалното јавно обвинителство поврзана со случајот за насилство врз градоначалникот и Советот на општина Центар, летото 2013 година, дознава НОВАТВ.

Рангелова била дел од осомничените во истрагата, но од СЈО денеска не открија дали и против неа е покренато обвинение.

Таа во изјава за порталот децидно ги отфрла обвинувањата и тврди дека сведоците против неа се лажни.

Инаку, во времето на демонстрациите во Центар Рангелова беше советник во општина Центар и таа ги одржуваше прес-конференциите на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во коишто стоеше заедно со претставници на „Веритас“, организацијата која ги водеше демонстрациите кон верниците.

Поврзани новости