Дани ги спои политичарите, спортистите, фолк и поп пејачите, за да го врати другарскиот дух во градот

by fokus

Поп пејачката Дани Димитриовска го промовираше новиот албум „Град за љубов“ во клуб ресторанот „МКЦ“ во Скопје.

Голем број на гости од естрадата, како од поп, така и од фолк сцената, од политиката, спортот, соработници и пријатели на Димитриовска беа дел од промоцијата на нејзиниот трет албум завчера и се дружеа во весела атмосфера.

„Град за љубов“ содржи осум песни, од кои некои веќе и се познати на публиката, а некои се нови. На чело на тимот задолжен овој проект повторно се најде долгогодишната соработничка на Дани, Весна Малинова.

„Град за љубов“ инспирира на враќање на другарскиот дух во градот. За суштински вредности зборуваме, оние подзаборавените. За време на промоцијата видов дека музиката се уште се сака, видов дека македонската музичка култура се издигнува со поддршка и љубов. Истото што го пеам и зборам за луѓето и животот и градот. И тоа е суштината, и таа ми е на албум“ – вели Дани.

Помеѓу присутните гости беа Наум Петрески, групата ,,Дрим Тим’’ Ирена Спировска, Каролина Гочева, Влатко Лозаноски, Елена Петреска, Билјана Дебарлиева, претставници од „Танец“ групата „Морал“ „Суперхикс“ Тодор Гечевски, Столе Стоилов, Сефер Цаноски, заменик министерот за култура Владимир Лазовски, Иванна Хаџиевска, сопругот на Радмила Шеќеринска, Божидар Јанковски и многу други.

На музичкиот настан, таа го промовираше и спотот за песната „Лево – десно“ која се наоѓа на истиот албум.

Дани е присутна на естрадата околу 20 години. Таа беше првата македонска пејачка која се запиша на МТВ Адриа Топ 20 листата. Направи неколкугодишна пауза во кариерата набргу по раѓањето на синот Лазар, појаснувајќи дека верува како во првите години на нејзиното дете треба да му биде постојана и целосна поткрепа.

Нејзиниот деби албум „Ти да ме имаш“ излезе во 2006 година, а вториот насловен „Во меѓувреме“ го промовираше кон крајот на 2010 година. Зад себе има голем број на хитови.

Вики Клинчарова

Поврзани новости