Дани Димитровска: Светам кога ми е отворено срцето

by Фокус 14:15
14:15

City MallКако и секој  астролошки припадник на Близнаците, детето во неа може да го најдете од секој нејзин гест, па дури и од насмевката на нејзиното лице. Знае да  ви го окупира вниманието.

Темпераментна, љубопитна, весела, шармантно го плени вниманието на музиката со својата посебност.

- Advertisements -

Публиката ја лови со својата  музика, но и со својот сексапил. Мајка на Лазар, кого умно се грижи да го насочи на вистинските животни патеки. Со неа никогаш не е здодевно. Дани ни правеше друштво во Скопје Сити Мол.

Годинава ја испраќа со музичка честитка до своите обожаватели. Песната „Свети“ ја спакува  во комбинација со Весна Малинова-Бабамова и Кирил Бабамов.05ФОКУС: Ги одбројуваме последните мигови од 2014? По што ќе ја паметите?

ДАНИ: Не сакам да знам за ретроспективи, рекапитулации, ревизии или кој и да е друг соодветен термин. Сѐ што е минато, го оставам каде што припаѓа, во минатото. Не оценувам, ниту судам. Ако е лошо, за добро е, ако е добро, за уште подобро е. Можам да зборувам за сегашноста и за овој момент. Сега уживам во белината што ја гледам од прозорецот, уживам во сјајот на светилките надвор, кои симболизираат нов почеток.

ФОКУС: Астролозите за 2015 предвидуваат посебно успешна година за Близнаците. Според нив, ве очекуваат многу бизнис-предизвици, патувања, но и малку проблеми на љубовно поле. Какви се вашите очекувања за годината што доаѓа? Се поклопуваат ли со пораките на ѕвездите?11ДАНИ: Па, Близнаците се воздух. Обожуваат предизвици и кога ги нема, сами ги создаваат. Секогаш ги води љубовта кон животот. Јас сведочам за ова. Што и да предвидуваат астролозите, тоа се само предвидувања, или претпоставки, или очекувања, или концепти, или аспекти. За мене  тоа е едно големо ништо, нема вредност. Јас дејствувам. Инспирирам. Пренесувам пораки и емоции. Астролозите предвидуваат.

ФОКУС: Верувате ли во судбина? Верувате дека ни се случуваат нешта со причина?

ДАНИ: Верувам во судбината што јас ја создавам. Во својот пат, својата вистина и целта за која постојам.01Дани во шопинг тргнува со план. Но, не исклучува да потпадне под неговото влијание и во ситуации кога прошетката ја почнала со друга цел. Тоа го регистриравме и ние. Влеговме во продавницата на брендот „Пи-ес фешн“. Во нивните парчиња ужива вистински, и тоа не само поради причината што е нивно заштитно лице. Си одбра капут, бела боја, да ѝ одговара со снежната слика во Македонија.

ФОКУС: Дали изгледот на музичарот е пресуден за неговиот успех, посебно во денешно време кога сликата често се наметнува повеќе од сѐ друго?06

ДАНИ: Пресудно е срцето. Сѐ друго е резултат на маркетинг-политиките, кои понекогаш го ставаат разумот на примарна  позиција, за сметка на срцето. Токму затоа и некои вредности се изместени.

ФОКУС: На сцената ве доживуваат како дива, темпераментна девојка, која знае како да ја испорача музиката. Но, каква е Дани каква што ја знаат пријателите? Каква е Дани како мајка на Лазар?

ДАНИ: Па, знам да пренесам директна порака. Она што го пренесувам е мој став и идеологија, во кои цврсто верувам. Јас сум личност која сѐ што пренесува низ музиката, пренесува со љубов. Таква сум и како мајка. 02Магичната атмосфера на Скопје Сити Мол нѐ понесе. Уживавме во прошетките, занемарувајќи го метежот што го создаваа реките од луѓе расположени за празничниот шопинг.

ФОКУС: Постојат ли ритуали на кои сте верни во празничниот амбиент, точно на пресекот на двете години, старата и новата?

ДАНИ: Не знам дали се нарекуваат ритуали, но вообичаено проштевам, прво себеси, а потоа и на другите. Се заблагодарувам и… светам (се смее).07ФОКУС: Што посакавте од Дедо Мраз за Нова година?

ДАНИ: Дедо Мраз нека им носи љубов на тие што бараат, мене ми е тамам.

ФОКУС: Дали во своите планови за очекувањата од 2015 вклучувате албум?

ДАНИ: Албумот во 2015-та ќе си доживее светлина.03Дани годинава реши да ја заокружи со нова песна. Специјално подарена на обожавателите како новогодишно музичко пакетче. Во Скопје Сити Мол љубопитно ја погледнуваа додека таа порачуваше: „Среќна Нова година, бидете ми светли, весели и свои“.

ФОКУС: Вашиот најнов сингл е насловен „Свети“. Пуштен е на радијата низ Македонија пред само неколку дена. Носи силна порака и е сосема поразлична од сето она што сте отпеале до сега. Дали е ова правецот во кој ќе се движите и кога Дани најчесто свети?12ДАНИ: Светам кога ми е отворено срцето. А тоа е секогаш. „СВЕТИ“ пренесува СВЕТЛА порака. Овој правец сум јас.

ФОКУС: Дали се плашите дека можеби вашата публика нема да го разбере суштински текстот на „Свети“ и дали оваа песна ќе си добие видеозапис?

ДАНИ: Публиката ќе ја разбере „Свети“ така како што таа моментална е подготвена, но и како што знае да ја разбере мојата музика. Јас сум ослободена од стравови. „Свети“ ќе засвети и визуелно. 08ФОКУС: Некако по традиција, публиката однадвор полесно ги лови македонските таленти, од домашната. И вам ви се случи ова. Музичкиот канал МТВ во вас препозна ѕвезда. Практично вие бевте првиот македонски музичар, кој се најде на топ-листата на МТВ Адриа. Полесно ли е да се комуницира со публиката и со медиумите од надвор?

ДАНИ: Не знам дали е полесно. Знам дека сите луѓе во светов носат сонце во градите. Ние сме растени во различни средини. Имаме различен код. Музиката е најдобрата алатка за препознавање, таа е чиста емоција која секој ја препознава. Лесно е да се комуницира со секоја публика и медиум ако комуникацијата е отворена. 09ФОКУС: Каков е вашиот избор на музика? Што вообичаено сакате да слушате, посебно кога не сте на настап?

ДАНИ: Сакам да ја слушам Весна Малинова кога ми пее комплетно нова песна, песна која тукушто излегла од неа. Таа истовремено свири и на гитара облечена во пижами, додека јас пијам чај. Во заднина на софата на која седам, се слуша звукот на дрвцата кои горат додека нѐ топлат. Пред нас на огромните прозорци го имаме Скопје на дланка. Не, ова не е филм, туку реалност. Тоа е вистинска идилична слика во нејзиниот дом во Соње (се смее). 10ФОКУС: Што е пресудно, еве според вас, еден музичар да прерасне во ѕвезда?

ДАНИ: Треба да се спознае себеси. Клучно е да се запраша кој е тој, дали сака да биде ѕвезда и со која цел. Ако целта е вистинска, вуала…

ФОКУС: Кој е предизвикот со кој прво би сакале да се соочите во 2015?

ДАНИ: По празниците, моите ангажмани на самиот почеток на 2015-та се сведени на снимање во студио кај Дејан Момировски. 04Предизвикот за убав ден поминат во Скопје Сити Мол беше реализиран. По шопинг-терапијата, донесовме едногласна одлука за топла напивка во Скопје Сити Мол, пред да почнеме со нова листа на желби.

Поврзани новости