Данев: СДС ќе сноси одговорност за злоделата врз Македонија!

by Fokus

Пристигнуваат фактурите од антидржавното и предавничко однесување на СДС и нивниот претседател Зоран Заев.Талат Џафери најави дека ќе го официјализира албанскиот јазик на целата територија, а Собранието на Република Македонија ќе биде третиот парламент во регионот каде што седниците ќе се водат на албански јазик, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Охридскиот рамковен договор предвидува пратениците да може да се обраќаат на својот мајчин јазик, доколку истиот го говорат над 20% од населението бидејќи тоа е индивидуално право, но кога се води седница, тоа е чин од позиција претседател на Собрание и во име на институцијата која што ја претставува и затоа единствен службен јазик и официјален јазик на целата територија е македонскиот – истакна Драган Данев од ДПМНЕ.

Според него, ова е само потврда дека отпочнала реализацијата на Тиранската Платформа.

– Ова само ја потврдува оправданоста на револтот и незадоволството на народот. Се поставува прашањето ова ли беше дел од големата програма на СДС? За ова ли гласаа членовите и симпатизерите на СДС? Аболицираниот криминалец Зоран Заев е единствениот човек кој успеа за еден ден да ги направи Македонците и Бугари и Срби. Заев е човекот кој покажа како планира да ја витка кичмата на Македонецот во иднина. Ваквото однесување на Зоран Заев е целосно неприфатливо. Време е аболицираниот Заев да го слушне гласот на народот. СДС ќе сноси одговорност за злоделата врз Македонија! – изјави Данев.

Поврзани новости