Данев пред Шутка: Судиите да не судат според политички инструирани одлуки

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа протест пред истражниот затвор во Шуто Оризари, каде уште еднаш побара ослободување на притворените осомничени за насилството во Собранието на 27 април.

Пред присутните се обрати пратеникот Драган Данев кој им порача на судиите да не судат според политички инструирани одлуки.

-За седум дена нашите судии пак ќе одлучуваат за правдата, односно за слободата на нашите браќа и сестри кои сега се на другата страна од оваа ограда. Јас ги замолувам, од моето лично име и од името на сите нас, на сите чесни и искрени граѓани на Република Македонија, да судат човечно, да одлучуваат по правда, а не по политички инструирани одлуки донесени некаде надвор од судовите, изјави Данев.

Поврзани новости